вторник, 22 октомври 2024
средба со поранешниот претседател на Албанија

Меѓу прекрасните пријатели во Охрид, објави Мета за средбата со Мицкоски (ФОТО+ВИДЕО)

Поранешниот претседател на Албанија и актуелен лидер на опозициската Партија на слободата, Илир Мета, денеска во Охрид се сретнал со македонскиот премиер Христијан Мицкоски. За средбата фотографија на Фејсбук објави и Мицкоски, додека Мета напиша дека никогаш не се сомневал во победата на тимот на Мицкоски.

Објавено на

часот

Сподели

„Меѓу прекрасните пријатели денеска во Охрид! Среќен сум непосредно да им ја честитам победата на премиерот и лидер на ВМРО,  Христијан Мицкоски, вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски и министерот за одбрана, Владо Мисајловски, објави Мета на Фејсбук.

Никогаш, додаде тој, не сум се сомневал во победата на овој прекрасен тим, со карактер и многу визија.

„Ги преживеаја најсуровите прогони, но никогаш не се откажаа и победија! Разговаравме и за важноста на изградбата на Коридорот 8 и со задоволство ги слушам новитетите од нивната економска програма“, вели Мета.

Убеден сум, посочи тој понатаму,  дека ВМРО под водство на Христијан Мицкоски ќе биде „најдобар пример како една партија му служи на својот народ и како ги цени, почитува и засилува граѓаните”.

Mицкоски објави друга фотографија од средбата и напиша: „Пријателска средба со поранешниот Претседател на Албанија“.

Мета во друга денешна објава пренесе моменти и од неговиот престој во Свети Наум, а посетата ја искористил и да влезе, како што вели, во мраз-водата. 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ