четврток, 31 октомври 2024

Меѓу гасење два пожари, спасена е чешка туристка, се повредила шетајќи по Галичица (ВИДЕО)

Во драматична комбинирана акција и од воздух и од земја, денеска, спасителите од Планинската спасителна служба при Црвен крст Охрид, а со интервентен хеликоптерски превоз на МВР, спасена е 68-годишна жена, туристка од Чешка, со опасна скршеница на ногата на околу 2.000 метри надморска височина, информираше попладнево Центарот за управување со кризи (ЦУК).

 

Објавено на

часот

Сподели

Како што информираа од ЦУК повикот за помош бил примен на единствениот европски број 112 околу 13:50 часот, а потоа веднаш од Секторот за операции и координација од ЦУК било контактирано со доброволните спасителите од Охрид кои истовремено веќе една недела се ангажирани за гаснење на пожарот во Национален парк Галичица.

„Тие овие неколку денови на тешко пристапниот терен се превезувани со хеликоптер на МВР, само со опрема за гаснење и главно дејствувaат на терен како пожарникари на тешко пристапен планински терен. Немале со себе адекватна медицинска опрема, но заради брзината на дејство со хеликоптерот на МВР, веднаш дел од доброволните спасители отишле на местото на несреќата и со импровизирани средства извршиле имобилизација на повредената повозрасна туристка од Чешка, а потоа и нејзино носење до точката каде што можеле да ја стват во хеликоптерот на МВР. Во 15:30 часот повредената беше безбедно пренесена во специјалната болница за ортопедија и трауматологија, а тимот од доброволците – спасителите од Планинската спасителна служба при Црвен крст Охрид се вратиле да им помогнат на своите останати членови и на пожарникарите и ренџерите од Националниот парк Галичица во борбата со огнената стихија“, информираа од ЦУК.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ