Египетскиот премиер Мостафа Мадбули го опиша планот за развој на Рас Ел-Хекмах, област на околу 350 километри северозападно од Каиро, како најголема зделка во историјата на неговата земја. АДК соопшти дека очекува да привлече над 150 милијарди американски долари инвестиции за проектот.
Говорејќи во петокот, Мадбули рече дека Египет ќе добие 24 милијарди долари нова ликвидност како резултат на договорот.
ОАЕ, исто така, ќе ги конвертира своите депозити од 11 милијарди долари во централната банка на Египет за да го финансира потфатот, рече тој.
Египет треба да добие 35 отсто од профитот од проектот Рас Ел-Хекма, а Емиратите исто така се согласија на заедничка инвестиција во меѓународен аеродром во областа како дел од проектот.
Проектот ќе вклучи финансиска и деловна област за привлекување меѓународни компании, како и училишта, болници, универзитети и марина за јахти и бродови за крстарење, рече премиерот. Египет очекува да привлече 8 милиони дополнителни туристи по завршувањето на изградбата на градот, рече тој.
„Овој договор е почеток на корекција на курсот на египетската економија“, рече Мадбули, нарекувајќи го „порака на доверба“ од ОАЕ.