четврток, 30 мај 2024
Избори 2024

Меџити: Вреди е апсолутен победник кај Албанците, Ахмети си запечати целосна изолација

Koaлицијата Вреди е апсолутен победник на изборите во албанскиот политички кампус, веќе од утре следува политичка ротација во државата, изјави Изет Меџити, еден од лидерите на коалицијата и носител на изборна листа во Изборната единица 1. Тој нагласи ДУИ организираше бојкот, насилство и ароганција и дека Али Ахмети си ја запечати целосна изолација на внатрешен и надворешен план.

Објавено на

часот

Сподели

Меџити на сите граѓани им се заблагодари за демократскиот капацитет и нивниот глас, без оглед на притисоците, како што рече, на кои беа изложени.

„За жал изборниот процес не беше фер и демократски и системот со државните институции се стави во служба на ДУИ. Заменици министри и други функционери од ДУИ беа на терен и ние тоа го документиравме и ќе ги известиме институциите и странските фактори. Имаше насилство врз гласачкото право и за тоа ќе се одговара“, рече Меџити.

Тој нагласи дека маските на ДУИ паднаа.

„Драги Албанци, со бојкот на изборите ДУИ, која беше на власт над 20 години, таа партија се обиде да го врати политичкото организирае на предполитичко. Се фалеа како европска партија, дека ќе не интегрира во ЕУ, а примитивно работеа на бојкот. Тоа создава горчлива слика за Албанците во светот. Јавно го прашуваме министерот Османи кој се фалеше со ОБСЕ, како тоа таму ќе го објасни дека работеа против слободна волја на граѓаните“, рече Меџити.

Од утре Македонија ќе се подготвува за политичка ротација, со нова власт и обезбедено бадентерово мнозинство, додаде Меџити.

Тој нагласи дека најголем губитник се Али Ахмети и Артан Груби кои, нагласи, промовираа насилство и ароганција.

Ахмети ја запечати својата изолација на домашен и надворешен план, нагласи Меџити.

„Од денеска Албанците ја имаат Вреди гордо и чесно да ги застапува во институциите на системот’, рече Меџиит.

Инаку, пред прес-конференцијата, кај плоштадот Скендербег дојде и полиција, веројатно по пријава за можни инциденти. Како што рекоа од Вреди, пред нивниот штаб се појавил Артан Груби од ДУИ кој со свои приврзаници направил провокација манифестирајќи славење на победа на ДУИ и Европскиот фронт.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ