„Го институционализираме Охридскиот договор. Утре ќе има свечена седница на Владата на која ќе учествува и премиерот, ќе ја отворам средбата и ќе ја продолжам во духот на Охридскиот договор. Ова е израз на почитување на духот на Охридскиот договор. Жалам што се премолчува дека за време на 11-те години од владеењето со Груевски, доколку не се лажам, не успеале да го донесат него ниту на коктел по повод Охридскиот договор. Едноставно, тој го игнорираше овој државен ден, празник. Али Ахмети и ДУИ не можеа Груевски да го донесат ниту на една свечена средба. Потоа, ќе продолжиме со дипломатскиот хор да го одбележиме демот во Музејот на модерни уметности и тоа ќе биде добар чекор кон духот на Охридскиот договор“, изјави Меџити во интервју за весникот Лајм.