МВР распиша меѓународна потерница и по поранешниот директор на Државна лотарија Перпарим Бајрами, за проневера на околу осум милиони евра од Државната лотарија.
„Со самото бегство ја докажува вината. Тој самиот знае за правните прекршоци што ги направил, но мислам дека денеска, утре или задутре сепак ќе се соочи со правдата“, рече Меџити.
Тој додава дека „должност на органите на прогонот е да го следат случајот и да обезбедат спроведување на правдата“, нагласувајќи дека „Европскиот фронт ја пополнува американската црна листа“.