вторник, 22 октомври 2024
Панел-дискусија за Рамковниот договор од 2001 година

Меџити: Охридскиот договор не е договор за учество на една партија во власта

„Темата за Охридскиот договор е оживеана последниве месеци, но  не во позитивно светло, туку како инструмент за манипулација на јавноста. Охридскиот договор е договор за државата – не е договор една политичка партија да биде вечно на власт“, изјави првиот вицепремиер Изет Меџити на панел дискусијата организирана по  повод 23 години од потпишувањето на Рамковниот договор во Охрид.

Објавено на

часот

Сподели

Меџити нагласи дека ќе биде отворена нова етапа на креирање политики и дека Македонија.

„Наша задача е Северна Маедонија од држава/општество со договор – односно од постконфликтно општество, чие функционирање е загарантирано со мировен договор,  да ја направиме модерно општество во кое институциите ќе одразуваат целосна еднаквост на секое ниво и димензија на работење. Накратко, не можеме вечно да се согласуваме. Сега дојде време постигнатите договори да се вратат на основата за модернизација и европеизација на државата“, рече вицепремиерот.

Меџити оцени дека безбедноста на граѓаните е врвна задача.

„Поради тоа што не се целосно прецизирани надлежностите меѓу локалната и централната власт во оваа сфера, улогата на општината и локалната власт никако не треба да се потцени. Општината во соработка со граѓаните е таа која најдобро знае каде се жариштата на криминалните групи и нарушувачите на јавниот ред и мир. Затоа, мора да се воспостават ефикасни механизми каде граѓанинот ќе биде активен заштитник на безбедноста, наместо да биде жртва на криминал и криминални банди. За таа цел потребна е поголема и поефикасна соработка на советот на општината, градоначалникот со полицијата и безбедносните органи, доколку е потребно преку интервенција и во законот за полиција и тој за јавната безбедност“, рече тој.

На новинарско прашање поврзано со паралелното одбележување на годишнината од Охридскиот договор што денеска го организира ДУИ, Меџити рече дека станува збор за приватен партиски настан, но и оцени дека и кога ДУИ беше на власт со организацијата на годишнините само било девалвирано значењето на Рамковниот договор.

„Организираа концерти и настани надвор од институциите. И овојпат, кога институционално се прославува годишнината на Рамковниот договор, тие повторно го прават истото, значи прават партиска прослава. Ништо различно, како и секогаш ДУИ е надвор од нормалните текови, од институционалните текови“, додаде Меџити.

На прашање во врска со најави за можна дестабилизација од страна на партијата на Али Ахмети, Меџити одговори дека тие немаат „кауза за демонстрации и протести“.

„Точно е дека има муабети и кога седнуваат сакаат да рушат, потребна им е магла оти по 20 години се во опозиција и не можат да се соочат со реалноста. Но, тоа не значи дека имаат кауза за демонстрации и протести бидејќи не може Соравија да биде кауза на Албанците или другите коруптивни зделки“, рече Меџити.

Тој додаде:

„Северна Македонија денес е извозник на мир и стабилност како во регионот, така и во мировните мисии на НАТО ширум светот. Значи, нарушувањето на мирот веќе не е опција за нашата земја и предизвикот на политичката класа денес е како да ги направиме институциите помоќни, судството понезависно, медиумите послободни, демократијата пофункционална, а децентрализацијата поефикасна“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ