недела, 27 октомври 2024
Првиот вицепремиер во посета на училиштето „Лирија“

Меџити на првачиња им го делеше уницифираниот албански буквар Абетарe

„Огромна е честа што можам на првачињата да им го поделам унифицираниот албански буквар – Абетаре, тоа е уште еден наш напор да го заштитиме и негуваме стандардниот албански јазик. Од денеска децата во Северна Македонија ќе ги учат златните букви на албанското писмо исто како и нивните врсници во Албанија и Косово. Тоа е суштинскиот чекор во одржувањето на нашиот национален индетитет во ерата на глобализацијата“, изјави првиот вицепремиер Изет Меџити во обраќањето пред учениците, родителите и наставниците во основното училиште „Лирија“ во Скопје, на првиот училишен ден.

Објавено на

часот

Сподели

Со првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање,  Меџити, во посета на училиштето беа и заменик министеротот за образование и наука, Љулзим Алиу, членови на Владата и пратеници од коалицијата Вреди.

„Денеска заедно со наставниците, учениците и родителите го претставуваме унифицираниот буквар за првачињата. Овој буквар ја означува кулминацијата на нашите напори да го заштитиме нашето идентитетско стебло во ерата на глобализација и интернет“, рече Меџити, додавајќи дека од етно-културен аспект може да се каже дека букварот ја запечатува албанската припадност.

Во практична смисла, унифицираниот буквар претставува многу важен водич, ако не и суштински, за зачувување и негување на стандардниот и унифициран албански јазик во наредните децении, додаде Меџити.

Тој информираше дека Владата ќе продолжи преку проактивни политики да го поттикнува зајакнувањето на образованието.

„Ќе го вратиме и штитиме интегритетот и достоинството на наставникот и ќе продолжиме да придонесуваме за враќање на стандардите во образованието, генерациите што доаѓаат да се образуваат во најнапредни услови и методи“, рече Меџити.

Инаку, како што пишуваше МКД.мк пред две години, идејата да се создаде и издаде унифицирано издание на буквар на албански јазик паднала во Призрен во ноември 2012 година, кога на одбележувањето на 100-годишнината од формирањето на Албанија како држава се собраа политичари и дејци од разни области од сите земји од регионот каде тие живеат.

„Во делови од Косово, Македонија, Србија и Црна Гора, дијалектите се така силно раширени и меѓу високо образованите луѓе, што се расипува јазикот, а тоа е отидено до таму што понекогаш доаѓа до проблеми во комуникацијата, па на помош за одредени работи луѓето се доразбираат на македонски или српски јазик или пак, на друг јазик“, кажале тогаш иницијаторите на идејата.

Се разбира, букварот не ги решава тие проблеми, зашто се учат само буквите со мали досетливи реченици кои лесно се паметат и шарено илустрирани страници, а решението е во добар образовен систем и низ индивидуално читање книги, ќе рече албанскиот премиер Еди Рама на промоцијата на букварот пред две години во Тирана.

Рама тогаш имаше најавено дека ќе разговара со Скопје, Белград и Подгорица овој обединет буквар да дојде во рацете на децата во сите албански семејства. Рече дека ќе се погрижи букварот да замине и во дијаспората. „Јазикот е нашиот идентитет, за неговото негување ние како власти сме одговорни“, ќе рече Рама.

На промоцијата во Тирана присуствуваше тогашниот македонски министер за образование Јетон Шаќири кој изјави дека ќе се ангажира букварот да влезе во училиштата во Македонија. Абетар-от потоа доби одобрение за влез во Македонија, но остана нејасно дали е дистрибуиран и кој е задолжен за тоа. Букварот е создаден без учество на автори од Македонија.

Вицепремиерот Меџити денеска изјави дека букварот е донација од Институтот за културно и духовно наследство на Албанците во Македонија.

П.Џ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ