недела, 16 март 2025

Меџити: Ќе помогнеме за депонијата што гори во Липково

Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити денеска изјави дека без разлика чија ингеренција е, ќе помогнат за депонијата што гори во Липково десетина дена. Тој рече дека ќе излезат в пресрет и на општините и на граѓаните.

Објавено на

часот

Сподели

Во наредниот период, денови се во прашање, кога ќе бидеме сведоци на отпочнување прво Свети Николе, работиме интензивно и за Битола, работиме и на другите регионални депонии. Нема да застанеме тука. Работиме и во втората фаза – рециклирање, што е најбитно во однос на депониите, одговори тој на новинарско прашање за регионални депонии што одамна се најавуваат.

Меџити одговараше на новинарски прашања за време на посетата на општина Студеничани.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ