вторник, 21 мај 2024
Парламентарни избори 2024

Меџити ќе ги бара МВР, царината, УЈП…

Имаме разговори со ВМРО-ДПМНЕ и европската иднина на државата е приоритет. Во однос на распределбата на секторите, редно е сектори што досега не се водени од Албанци како Министерството за внатрешни работи, Бирото за јавна безбедност, Управата за јавни приходи и Царината да бидат раководени од Албанци. Тоа го бараме бидејќи сме силно фокусирани на борбата против корупцијата, рече Изет Меџити од коалицијата Вреди.

Објавено на

часот

Сподели

Разликата во гласови од првиот круг на претседателските избори во албанскиот блок, Меџити очекува да се намали за парламентарните избори затоа што вели гласовите на ДУИ не се само од Албанци, туку од девет политички партии.

„Ахмети првпат беше во ситуација да се спасува со гласовите од другите помали заедници. Ако на тоа се додаде и поткупот на гласови и притисоците, полнење на кутии од шоферот на Садула Дураку… Сето тоа ќе се процесуира од новата власт. Ако се изземат тие гласови, тогаш нивниот резултат е под нашиот. ДУИ не е чист албански концепт и тоа е спротивно на Мајскиот договор“, рече Меџити.

Тој додаде дека има најава од дијаспората дека ќе дојдат во државата за да гласаат на изборите на 8 мај со цел по 22 години да има промена во албанскиот политички блок.

Лидерите на здружената албанска опозиција Влен се уште не разговарале дали во вториот круг од претседателските избори ќе ѝ дадат поддршка на кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска-Давкова, вели Меџити.

Лидерот на Демократското движење Изет Меџити ја осуди изјавата на Сиљановска-Давкова дадена во Куманово и очекува оградување од раководството на ВМРО-ДПМНЕ од ваквите изјави.  Со таквите изјави, како што посочи, не се подготвени да дадат поддршка за Сиљановска-Давкова.

„Денеска од Куманово има непожелна изјава во однос на УЧК. УЧК е свето за Албанците и мислам дека не треба да се враќаме на тоа. Ние имаме многу работа како да војуваме со корупцијата, како да им обезбедиме подобра иднина на младите, а не да се враќаме на теми кои ги оживуваат старите духови“, рече Меџити.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ