„Гаши побара да се намали нивото на безбедност за тој и семејството да имаат повеќе приватност, но тоа не му беше дозволено заради протоколите. Мислам дека протоколот за безбедност е многу строг. Разговарав со Гаши. Разговарав и со претходните претседатели на Собранието, со Јован Митрески и со Талат Џафери. Сакаа повеќе слобода во секојдневниот живот, како и за децата и сопругите, но постојано се под строг надзор и обезбедување. Гаши побарал да се намали безбедноста, но не било можно, тука државата одлучува, а не тој“, изјави Меџити во гостување на Телевизија Канал 5.
Одговарајќи на прашање што доколку коалицискиот партнер ЗНАМ на 3 септември, за кога е закажана седница во Собранието за интерпелација на Гаши гласа „за“ , Меџи рече дека владејачкото мнозинство е стабилно и дека во годините на независна Македонија немало постабилна влада.