понеделник, 17 јуни 2024

Meџити: ДУИ не е дел од албанскиот табор, а кога и сега би избирал меѓу Груевски и Заев би го избрал Заев

ДУИ од етничкиот концепт што го застапуваше премина на мултиетнички концепт и повеќе не е дел од албанскиот табор, изјави Изет Меџити, еден од лидерите на коалицијата Вреди и порача дека Али Ахмети повеќе нема право да се повикува на принципи како и кој со кого да коалицира. Меџити рече дека тој бил иницијатор во 2016 година ДУИ да коалицира со СДСМ. „Кога и сега би требало да избирам меѓу Никола Груевски и Зоран Заев, повторно би го избрал Заев“.

Објавено на

часот

Сподели

Во гостување на ТБ21, Меџити нагласи дека е легитимно што ДУИ претставува мултиетничка коалиција и нагласи дека на тој начин, партијата веќе не е дел од албанскиот табор. Според него, во моментот кога ДУИ требашем на избори да се соочи со опозициската Вреди, Али Ахмети, свесен дека нема да може да победи, прибегна кон окрупнување, формираше мултиетничка групација.

„Јас велам дека тоа е легитимно, но кога ќе настапиш со мултиетнички концепт, па уште и ќе изјавиш дека се натпреваруваш во суперлига со ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, тогаш резултатот е дека си загубил од ВМРО-ДПМНЕ која партија е победник, а ти не си дел од албанскиот кампус. Дел од албанскиот табор е Вреди и е победник, од другата страна победник е ВМРО и, тоа е тоа. Вие што се натпреварувавте со ВМРО загубивте и одите во опозиција“, рече Меџити.

Тој оцени дека тие факти сега  не им се допаѓаат на Ахмети и Бујар Османи, па се обидуваат да се вратат во етничкиот концепт.

„Но, и тука тие двајца имаат проблем, а тоа е Мајскиот договор. Јас бев во групата која разговараше со ВМРО-ДПМНЕ во 2007 година кога се постигна Мајскиот договор. Договореното е познато – влада прават победник со победник, односно победникот во македонскиот табор и победникот во албанскиот табор. И сега, покрај тоа што ДУИ веќе го имаше прекршено тој договор, во моментов не може да се повикува на истиот принцип бидејќи како мултиетничка коалиција Европскиот фронт не може да биде  гпас на Албанците и победник кај Албанците“, рече Меџити.

На прашањето да одговари на прозивките на Блерим Беџети за т.н. огнена група на ДУИ, која е веќе минато и за својата улога, Меџити рече дека и во 2016 имало две групи во ДУИ и дека е тоа време кога се прекрши принципот „победник со победник“.

„Едната беше да се продолжи со Груевски на која припаѓаше и Беџети, а другата, која ја предводев јас беше да се прави влада со Зоран Заев. Тоа во тој момент беше исправна одлука затоа што така каком држава можевме да тргнеме напред. И така беше, државата стана членка на НАТО. Помеѓу Груевски и Заев, повторно би го избрал Заев”, рече Меџити.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ