вторник, 24 декември 2024
Став на лидерот на Демократско движење

Meџити: ДУИ го извади Османи за кандидат за претседател за да ги подели гласовите на Албанците

Лидерот на Демократско движење и член на опозициската коалиција Вреди изјави дека одлуката на ДУИ да го кандидира Бујар Османи за кандидат за претседател е со единствена цел за да го подели гласот на Албанците. Вели, откако  таа одлука ја донесоа и откако се виде дека албанската опозиција сериозно тргна во конкуренција на претседателските избори.

Објавено на

часот

Сподели

Шефот на Демократското движење, Изет Меџити, пред партиските структури во Куманово изјави дека претседателскиот кандидат на ДУИ, Бујар Османи, не го заслужува гласот на Албанците на изборите, бидејќи смета дека се кандидирал на подели ги Албанците, објави весникот Лајм.

„Уште пред три месеци кажавме дека ќе излеземе на овие избори. Тие не планираа да истакнат свој кандидат Албанец. И одедаш, излегуваат само за да го поделат гласот а Албанците. А тоа пак значи дека ДУИ веќе не е онаа старата партија што ги обединува Албанците. ДУИ со Бујар Османи само го дели албанскиот глас, затоа и не го заслужува албанскиот глас. Албанскиот глас мора да оди кај нашиот Таравари и ве повикувам утре да ги депонирате потписите за него и за нас и да ја започнеме  релевантно потоа кампањата за избор на претседател Албанец со двотретиско мнозинство во Собранието на Северна Македоија“, изјави Мејхити во Куманово.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ