понеделник, 21 октомври 2024
Демократското движење одбележа една година постоење

Меџити: Докажавме дека обединувањето може да триумфира над режимот

Со свечена церемонија на плоштадот Скендербег во Скопје, меѓу политичари, дипломати и активисти, Демократското движење ја одбележа првата годишнина од основањето.

Објавено на

часот

Сподели

Лидерот на Демократското движење, Изет Меџити пред присутните рече дека оваа прва година партијата ја оценува како успешна и со сеопфатен раст.

„Пред една година, кога го создадовме Демократското движење, многумина се сомневаа во можноста за промена. Но, ние верувавме и благодарение на заедничката посветеност изградивме консолидирана политичка сила, која веќе се прошири низ целата земја“, рече Меџити.

Меџити рече дека е докажано дека се повеќе од партија – дека се движење што го скрши стравот и всади вистинска надеж за промени.

„Докажавме дека нашето обединување може да триумфира над режимот кој две децении ја искористи нашата земја и нејзините граѓани. Денес, една година по основањето, Демократското движење е посилно и порешително од кога било за да го продолжи патот кон успешна иднина. И оваа годишнина ја одразува стабилноста, силата и вербата што ги изградивме заедно“, рече Меџити.

Демократското движење е основано на 13 август 2023 година и е дел од коалицијата Вреди, која учествува во Владата, додека нејзиниот лидер Изет Меџити ја извршува функцијата прв вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ