сабота, 21 декември 2024
Став на првиот вицепремиер

Меџити: Балансерот е девалвиран и неговото време заврши

Времето на балансерот е завршено, неговиот механизам е девалвиран, изјави првиот вицепремиер Изет Меџити и најави дека вработувањата на Албанци нема да престане, но врз база на квалитет, а не на партиите.

Објавено на

часот

Сподели

„За волја на вистината, во првите години по војната од 2001 година, балансерот даде ефективни резултати во квантитативната застапеност на Албанците, но не и во последните четири или 8 години. Во бројни случаи беше девалвиран и даваше спротивен ефект“, рече Меџити во гостување на ТВ21 запрашан за неговиот став по одлуката на Уставниот суд.

Меџити рече дека во политичкиот договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Вреди овој механизам ќе се унапреди во закон.

„Прво, во овој период, кога ќе има вработувања, ќе има и вработување на Албанци. Второ, Албанците не губат кога ќе се отстрани балансерот, иако Уставниот суд не донесе таква одлука. Албанците ќе добијат повеќе, бидејќи ќе воведеме закон за соодветна застапеност со кој не само што ќе се гарантира застапеност на Албанците во јавната и државната администрација, туку ќе се гарантираат квалитетни, а не партиски вработувања“, изјави Меџити.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ