сабота, 27 јули 2024
Парламентарни избори 2024

Меџити: 10 илјади граѓани од дијаспората дојдоа за да гласаат за промени

Лидерот на Демократско движење и еден од лидерите на опозицискиата коалиција, Изет Меџити во изјава за медиумите пред вечерашниот митинг во Тетово изјави дека околу 10 илјади сонародници се дојдени од дијаспората за да гласаат, како што рече, за голема промена во државата.

Објавено на

часот

Сподели

„Десет илјади граѓани од дијаспората се дојдени за да гласаат во Македонијa, оставајќи ги сејкојдневните обрврски и работата со цел да дадат придонес  за големата промена во државата која и тие ја очекуваат. Дел се дојдени во своја ‘режија’, а дел во организација на нашата коалиција. Воедно, ги повикувам сите граѓани масовно да излезат во среда на изборите без оглед на притисоците и манипулациите од ДУИ. Tие од ДУИ продолжуваат да ја притискаат администрацијата, се закануваат на бизнис заедницата, но тоа нема да им помогне да го избегнат поразот. Граѓаните го имаат последниот збор и заедно сме сигурни дека на 8 мај ќе се случи големата промена“, изјави Меџити.

На новинарско прашање дали ќе ги повикаат Албанците да гласаат и на претседателските избори или не, Меџити одговори дека коалицијата Вреди не повикува на бојкот на претседателските избори.

„Не им кажуваме на граѓаните за кого да гласаат. На нив е да одлучат кој кандидат е подобар за функцијата шеф на државата“, одговори Меџити.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ