сабота, 27 јули 2024

Медведев за пакетот американска помош за Украина: Тоа е русофобија

Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев, на апликацијата за размена на пораки Телеграм, рече дека одобрувањето на американската помош за Украина е очекувано и се заснова на „русофобија“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Ние, се разбира, ќе бидеме победници без оглед на крвавите 61 милијарда долари, кои главно ќе бидат проголтани од нивниот ненаситен воено индустриски комплекс“, напиша Медведев на Телеграм.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков во саботата изјави дека одобрувањето на безбедносната помош за Украина од страна на американскиот Претставнички дом ќе доведе до поголема штета и смртни случаи во тамошниот конфликт.

Одлуката „ќе ги направи Соединетите Американски Држави побогати, но дополнително ќе ја уништи Украина и ќе резултира со смрт на уште повеќе Украинци, по вина на режимот во Киев“, рече Песков, цитиран од руските новински агенции.

Кремљ е заглавен во конфликт во Украина откако ја нападна пред повеќе од две години.

„Се подлабокото вмешување на Вашингтон во хибридната војна против Русија ќе се претвори во гласно и понижувачко фијаско за САД како што беа Виетнам или Авганистан“, рече Захарова.

Русија „безусловно и решително ќе одговори“ на американската одлука во поголема мера да се вклучи во украинската војна, додаде таа.

Вчера Претставничкиот дом на американскиот Конгрес гласаше со мнозинска двопартиска поддршка за пакетот безбедносна помош од 95 милијарди долари за Украина, Израел и Тајван, и покрај жестокото противење на некои републиканци.

Пакетот од четири нацрт-закони сега оди во Сенатот, кој е контролиран од мнозинството демократи и кој слична мерка донесе пред повеќе од два месеци.

Сенатот треба да гласа за него следната недела, а потоа да го испрати до претседателот Џо Бајден за негов потпис. Покрај 60,84 милијарди долари за Украина, законот предвидува 26 милијарди за Израел, од кои 9,1 милијарди за хуманитарни потреби и 8,12 милијарди за Индо-Пацификот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ