сабота, 27 јули 2024

Медведев за конференцијата за Украина во Швајцарија: Доказ за крахот на мировниот план на идиотот Зеленски

Дмитриј Медведев, поранешниот руски претседател и актуелен потпретседател на Советот за безбедност н Русија, порача дека конференција за прекин на огнот во Украина Ќе биде уште еден доказ за крахот на „мировниот план“ на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Швајцарската влада претходно соопшти дек Русија не е меѓу неколкуте десетици повикани држави, додавајќи дека е отворена за нејзино учество, но дека Москва не е заинтересирана. Берн собирот го најави во јануари, истакнувајќи дека го организира на барање на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Медведев порача: „Која е користа од швајцарската мировна конференција? Користа е тројна. Прво, ќе биде тоа уште еден доказ за крахот н таканаречениот мировен план на идиотот Зеленски. Притоа би било пожелно Бандериното копиле лично да ја посети и уште еднаш да ја подвлече својата интелектуална безвредност.

Второ, ќе стане видлив доказ за целосната немоќ на сегашните западни елити, кои извршија болна самокастрација на своите способности за да го завршат воениот конфликт. По директен налог н групата сенилни лекари од Вашингтон.

Трето, тоа ќе им овозможи н нашите оружени сили да продолжат да ја чистат малоруската територија од неонацистите без плеткање или чии било шупливи „мировни иницијативи“, и на сите нас да спроведеме бескрупулозна работа во насока на конечниот крах н политичкиот режим на Украина и брзото враќање на нашите исконски територии на Руската Федерација. Ти благодариме, земјо н сирења и часовници“, напиша Медведев на Телеграм.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ