сабота, 27 јули 2024

Медведев за ембаргото на руската нафта: Санкциите се одвратни и насочени против рускиот народ

Објавено на

часот

Сподели

Медведев, кој го советува рускиот претседател Владимир Путин за прашањата за национална безбедност, обајви на Телеграм дека „бескрајното танго на економските санкции“ нема да ја допре политичката елита. Тој кажа дека санкциите на нафтата и гасот се насочени против даночните обврзници и присилување на владата на намалување на буџетот.

„Заклучокот кој се наметнува е одвратен – тие санкции се насочени токму против народот на Русија. И што и да мрморат американските дедовци и баби дека ги казнуваат шефовите, а ве сакаат вас, обичните граѓани, тоа е обична глупост.

Која е целта на блокирањето на имотот на Централната банка на Русија и другиот државен имот? Едноставна е. Да се влоши економијата, да се удри рубљата, да се зголеми инфлацијата, што значи пад на животниот стандард на обичниот Русин.

Ембаргото на купување нафта и гас од Русија? Истата работа: да се намалат буџетските приходи и да се натера државата да се откаже од социјалните обврски, вклучувајќи и индексација на доходот. Удри по даночните обврзници во градовите и селата“, порача Медведев.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ