сабота, 27 јули 2024

Медведев: Време е Шолц и Макрон да заминат на ѓубриштето на историјата

Изборите во Европскиот парламент, на кои опозициските партии убедливо ги победија актуелните власти на Франција и Германија го покажаа неуспехот на политиките на германскиот канцелар Олаф Шолц и францускиот претседател Емануел Макрон на кои им е време да заминат на ѓубриштето на историјата, наведе заменик претседателот на Советот за безбедност на Русија Дмитриј Медведев на Икс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Според него, изборите за ЕП ја разоткриле „неспособната, идиотска економска и имиграциска политика на Шолц и Макрон кои ги поддржуваат националистичките власти во Украина по цена на животите на сопствените граѓани“.

„Причекајте и видете што ќе се случува. Време е за пензија“, порача Медведев.

Според првите прелиминарни резултати, во Германија конзервативниот сојуз ЦДУ-ЦСУ освои најголем број гласови на изборите за Европскиот парламент со освоени 29,5 отсто од гласовите, додека десничарската партија Алтернатива за Германија заврши на второто место со 16,5 отсто, што е за 5,5 отсто повеќе од 2019 година.

СПД на канцеларот Шолц го зазема третото место со 14 отсто, што е историски минимум за таа партија.

Што се однесува до Франција, политиката на претседателот Емануел Макрон претрпе крах, а тој тоа го призна со распуштање на собранието и распишување вонредни парламентарни избори.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ