вторник, 22 октомври 2024

Медведев: Специјалната воена операција треба да го вклучува и заземањето на Киев

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, денеска изјави дека „специјалната воена операција треба да добие отворено екстериторијален карактер“ и „меѓу другото да го вклучува и заземањето на Киев“, коментирајќи го нападот на украинските Вооружени сили во Курската област при што беа повредени 31 лице, меѓу кои и шест деца.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Ова веќе не е само операција за враќање на руските официјални територии и казнување на нацистите“, напиша Медведев на Телеграм и додаде дека „можно и неопходно е да се оди“ и на „Одеса, Харков, Днепропетровск, Николаев, Киев и пошироко“, пренесе Тас.

Според него, не треба да има ограничувања во смисла на одредени признати граници на „украинскиот Рајх“, и дека сега за тоа може и треба да се разговара отворено, без срам и дипломатски поклони.

Медведев изјави дека „терористичката операција на Бандеровците треба да ги отстрани сите табуа од таа тема“, пренесе Раша тудеј.

„Ова нека го разберат сите, вклучително и англиските копилиња: ќе престанеме само кога ќе ни биде прифатливо и профитабилно за нас. Вечен спомен на загинатите, војниците, цивилите и сите кои се најдоа под жестокиот оган на неонацистите. Најдобриот спомен за нив е внимателно испланирана одмазда. Исцелување на сите повредени“, рече Медведев.

Претходно, Министерството за одбрана на Русија соопшти дека нападот на „украинските диверзанти врз Курската област во Русија завршил со пораз и со повлекување на силите на Киев на нивна територија“.

Вонредна состојба е воведена во Курската област во Русија по нападот на украинските сили, изјави вршителот на должноста гувернер Алексеј Смирнов.

Москва објави дека во вторникот украинските сили се обиделе да заземат дел од територијата на округот Суџан во Курската област, долж границата со Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ