сабота, 27 јули 2024

Медведев: Русија, за жал, не блефира, се заканува најлошо можно сценарио

Високиот руски безбедносен функционер Дмитриј Медведев рече дека Русија не блефира кога зборуваше за можноста за употреба на тактичко нуклеарно оружје против Украина и предупреди дека конфликтот на Москва со Западот може да ескалира во сеопфатна војна.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Медведев, заменик-претседател на Советот за безбедност на Русија и поранешен руски претседател, рече дека конфликтот на Москва со Западот се развива според најлошото можно сценарио и дека „денес никој не може да ја исклучи транзицијата на конфликтот во последната фаза“.

„Русија смета дека целото оружје со долг дострел што го користи Украина е веќе под директен надзор на војници од земјите на НАТО. Ова не е воена помош, ова е учество во војната против нас“, рече Медведев.

„И таквите постапки би можеле да станат ‘касус бели’ (чин што предизвикува војна)“.

Медведев, кој стана еден од најтврдокорните јастреби на Кремљ, ги даде коментарите откако четворица американски официјални лица изјавија за Ројтерс во четвртокот дека американскиот претседател Џо Бајден тивко го овластил Киев да лансира оружје доставено од САД врз воени цели во Русија кои ја поддржуваат офанзивата против североисточниот украински град Харков.

Медведев, чии забелешки според дипломатите даваат показател за размислувањето на високи функционери на Кремљ, рече дека би било „фатална грешка“ за Западот да мисли дека Русија не е подготвена да користи тактичко нуклеарно оружје против Украина.

Тој зборуваше и за потенцијалот со стратешко нуклеарно оружје да се погодат неименувани непријателски земји.

„За жал, ова не е ниту заплашување, ниту блефирање“, рече Медведев.

„Сегашниот воен конфликт со Западот се развива според најлошото можно сценарио. Постои постојана ескалација кога станува збор за огнената моќ на НАТО оружјето што се користи. Затоа, никој денес не може да ја исклучи транзицијата на конфликтот во последната фаза“, рече тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ