сабота, 27 јули 2024

Медведев: Прислушуваните разговори покажуваат дека Германија се подготвува за војна со Русија

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев денеска оцени дека прислушуваниот разговор на офицерите на Бундесверот за можен напад на мостот на Крим укажува дека Германија се подготвува за војна со Русија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Обидите разговорот на офицерите на Бундесверот да се прикаже како игра со ракети и тенкови се злонамерна лага. Германија се подготвува за војна со Русија“, наведе тој на својот канал на Телеграм.

Според него, никој не знае дали политичкото раководство на Германија и самиот канцелар Олаф Шолц знаеле за разговорот меѓу германските офицери во врска со напад на мостот на Крим, пренесува РИА Новости.

„Сепак, дури и да не го знаеле тоа, имало многу случаи во историјата кога војската сама одлучувала да започне војни или да стимулира такви иницијативи“, смета тој.

Како што јави Раша тудеј (РТ), снимката трае 40 минути и се слуша разговор меѓу четворица високи германски функционери во рамки на Бундесверот, германските вооружени сили. Најмалку двајца од нив биле генерали, според РТ. Нивната дискусија наводно вклучувала дискусија за можноста за бомбардирање на мостот на Крим.

Станува збор за мост што ја поврзува Краснодарската област во Русија со Крим, полуостров што Москва го анектираше од Украина во 2014 година. Човекот, идентификуван од страна на РТ како командант на германските воздухопловни сили, наводно зборувал за тоа како украинските вооружени сили сакаат да го „уништат мостот… бидејќи тој има не само воено стратешко значење, туку и политичко значење“.

Соговорниците потоа, наводно, разговараат дали германските ракети „таурус“ со долг дострел ќе бидат доволно моќни за успешно да го урнат мостот. Во транскриптот на РТ се наведува дека Германците размислувале за ефикасноста на крстаречката ракета позната како „сторм шедоу“ во Обединетото Кралство и „СКАЛП“ во Франција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ