вторник, 22 октомври 2024

Медведев: По нападот на Курскиот регион, нема преговори со Украина

По нападот на Киев врз Курскиот регион, Русија нема да води никакви преговори со Украина се додека непријателот не биде целосно поразен, изјави денеска заменик-претседателот на Советот за безбедност (СБ) на Руската Федерација Дмитриј Медведев.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тој ги советуваше политичарите од западните земји, кои, според него, „ги поддржуваат провокациите на киевскиот режим во Курскиот регион“, да не се радуваат на операцијата на украинската војска во тој руски регион, пренесува Тасс.

Во објава на Телеграм, тој рече дека ситуацијата за Украина само ќе се влоши како резултат на тој чин.

Украинската војска на 6 август го нападна Курскиот регион, заземајќи, според Киев, 82 населени места и 1.150 квадратни километри, со што за прв пат војната се пресели на руска територија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ