сабота, 27 јули 2024

Медведев по голема борба обезбеди полуфинале на Австралија опен

Рускиот тенисер, Данил Медведев по четиричасовна борба со Хуберт Хуркач која се одвиваше во пет сета (7-6, 2-6, 6-3, 5-7, 6-4), победи и се пласираше во полуфиналето на Австралија опен.

Објавено на

часот

Сподели

Медведев беше благ фаворит во овој дуел, на крајот успеа да ја оправда таквата улога, но до победата дојде тешко.

Во првиот сет двајцата тенисери направија по еден брејк, па на крајот тај-брејкот решаваше. Во него беше подобар Медведев и поведе со 1-0. Вториот сет го доби Хуркач со убедливи 6-2 и изедначи на 1-1.

Медведев го врати водството откако го доби третиот сет со 6-3, но Хуркач изедначи на 2-2 откако беше подобар во следниот сет со 7-5. Петтиот, решавачки сет му припадна на Русинот со 6-4 за победа од 3-2.

Во полуфиналето Медведев ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Алкараз и и Зверев.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ