петок, 26 јули 2024

Медведев: Овој конфликт ќе трае многу долго, најверојатно со децении

Објавено на

часот

Сподели

Според агенцијата, поранешниот претседател Дмитриј Медведев, заменик-претседател на моќниот Совет за безбедност на Путин, зборувал за време на посетата на Виетнам.

Медведев често дава остри коментари, а минатиот месец тој ги опиша украинските власти како зараза.

„Овој конфликт ќе трае многу долго, најверојатно со децении“, рече Медведев, пренесе РИА.

„Се додека постои таква власт, ќе има, да речеме, три години примирје, две години конфликт и сè ќе се повтори“, продолжи тој, повторувајќи го тврдењето на Москва дека Украина е нацистичка држава.

Во јануари Медведев рече дека ако Русија биде поразена, може да предизвика нуклеарна војна.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ