петок, 26 јули 2024

Медведев објави „руска формула за мир“,  услови за крај на војната

Поранешниот претседател на Русија и сегашен потпретседател на Советот за безбедност на Русија Дмитриј Медведев на социјалните мрежи објави провокативна „руска формула за мир“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Неговата понуда има седум точки, а Медведев наведува дека условите се „хумани за сите“.

„Ова би можела да биде мека руска формула за мир. Ова е добар компромис, зарем не?“, наведува Медведев. Неговите услови ги пренесуваме онака како што самиот тој ги формулира на социјалните мрежи:

  1. Украина мора да признае воен пораз. Неонацистичката банда мора целосно и безусловно да се предаде. Демилитаризација на Украина и забрана за формирање паравоени сили на нејзина територија во иднина.
  2. Меѓународната заедница мора да го препознае нацистичкиот карактер на политичкиот режим во Киев и да се изврши присилна денацификација на сите државни органи под контрола на ОН.
  3. ОН би требало да објават соопштение за губење на меѓународниот правен субјективитет на Украина и да ја спречат да пристапи на воени сојузи без согласност на Русија.
  4. Сите власти во Украина мора да поднесат оставки и веднаш да се одржат избори за формирање привремен парламент на самоуправната територија.
  5. Усвојување на закон за исплата на сите компензации на Русија, вклучувајќи исплати на роднините на загинатите и исплати на штетата предизвикана по здравјето на ранетите.
  6. Официјално признавање дека територијата на Украина е всушност територија на Руската Федерација и усвојување на акти за повторно обединување со Русија.

. Самораспуштање на привремениот парламент. Признавање на чинот на повторното обединување од страна на ОН.

Ова е веројатно провокација на Медведев до властите во Киев, бидејќи сите наведени услови се дијаметрално спротивни од „украинскиот план за мир“ на кој Киев веќе подолго време инсистира.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ