сабота, 19 октомври 2024

Медведев: Нуклеарната војна е поголема закана од климатските промени

Објавено на

часот

Сподели

Тој рече дека таквата нова светска војна не е неизбежна, но дека ризиците од нуклеарен конфликт се зголемуваат и се посериозни од загриженоста за климатските промени.

Тој додаде дека целите на „специјалната воена операција“ ќе бидат остварени, а на прашањето како го оценува нејзиниот напредок, тој одговори дека тоа е сложено прашање. „Можам само да кажам дека сум апсолутно убеден дека ќе се остварат сите цели што ги постави претседателот на нашата земја пред нашите војници за извршување на специјалната воена операција“, посочи Медведев.

„Денес не се соочуваме со украинската војска, туку со целата организација на Северноатлантскиот сојуз и ова е навистина необјавена или специјална прокси војна, како што понекогаш се нарекува, што западниот свет ја води против нашата земја. Затоа мораме да се бориме со целото НАТО, имајќи ја во предвид испораката на оружје и, искрено да речеме, обуката на украинскиот воен персонал и многу други фактори“, рече Медведев.

„Специјалната воена операција е нашиот одговор на бескрајното проширување на НАТО. И јас и моите соборци и колеги имавме некои илузии во 1990-тите дека ќе почнеме да живееме во хармонија со Европејците и САД и дека повеќе нема да бидеме непријатели и дека повеќе нема да се судриме. Сепак, сето тоа се распадна“, рече тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ