сабота, 27 јули 2024

Медведев: Немаме повеќе опции, мораме да го елиминираме Зеленски

Објавено на

часот

Сподели

Во својата објава на Телеграм, тој ја повтори тезата на Москва дека станува збор за „терористички чин“. Медведев, кој моментално ја извршува функцијата заменик-претседател на Советот за безбедност, се позиционираше како близок соработник на Путин и остар критичар на Киев.

Претходно денеска Кремљ изјави дека во нападот биле користени два дрона, но тие биле онеспособени од руската одбрана. „Путин не е повреден, а на зградите на Кремљ нема материјална штета“, соопшти Кремљ.

„Во средата вечерта, режимот во Киев се обиде да ја нападне резиденцијата на рускиот претседател Владимир Путин во Кремљ со помош на беспилотно летало. Две беспилотни летала биле насочени кон Кремљ. Како резултат на навремените акции преземени од војската и специјалните служби со користење на радарски системи за војување, беспилотните летала се онеспособени“, додаваат тие.

Зеленски подоцна ја негираше одговорноста на Киев. „Ние не го напаѓаме Путин или Москва, ние се бориме на наша територија. Ние ги браниме нашите села и градови“, рече тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ