сабота, 27 јули 2024

Медведев му порача на Макрон: Русија веќе нема „црвени линии“ кога е Франција во прашање

Заменик претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев изјави дека Руската Федерација повеќе нема „црвени линии“ кога е Франција во прашање.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Медведев реагираше на изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон дека нема ограничување за француската поддршка за Украина.

„Макрон рече дека ‘нема повеќе црвени линии, нема повеќе граници’ кога е во прашање поддршката за Украина… Тогаш тоа значи дека Русија веќе нема црвени линии кога е Франција во прашање“, напиша Медведев на Икс и заклучи со латинската поговорка „меѓу непријателите сè е дозволено“.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков претходно ја коментираше изјавата на Макрон, предупредувајќи дека францускиот претседател ја вовлекува својата земја во конфликт со Русија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ