сабота, 27 јули 2024

Медведев му честиташе победа на Путин на претседателските избори

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Руската Федерација, Дмитриј Медведев, денеска му честиташе на Владимир Путин победа на претседателските избори, врз основа на 24,4 отсто од изброените гласови.

Објавено на

часот

Сподели

„Му честитам на Владимир Владимирович Путин за неговата блескава победа на изборите за претседател на Русија“, напиша Медведев на Телеграм.

Путин доби поддршка од 87,97 отсто од гласачите врз основа на 24,4 отсто од преброените гласови, покажуваат првите прелиминарни податоци на руската Централна изборна комисија.

Централната изборна комисија соопшти дека претседателскиот кандидат Николај Харитонов добил 3,8 отсто од гласовите, Владислав Даванков 3,73 отсто, а Леонид Слуцки 2,96 отсто од гласовите.

Изборите за претседател на Русија траеја три дена – од петок, 15 март до денеска во 20 часот по локално време.

РИА наведува дека денешниот изборен резултат на Путин соборил рекорд во историјата на модерна Русија.

На изборите во 2018 година Путин освои 76,69 отсто од гласовите, а во 2012 година 63,6 отсто.

Дмитриј Медведев победи во 2008 година со 70,28 отсто од гласовите, Путин победи во 2004 година со 71,31 отсто, а во 2000 година со 52,9 отсто од гласовите.

Првите резултати покажуваат дека Путин, кој дојде на власт во 1999 година, лесно ќе добие нов шестгодишен мандат, што ќе му овозможи да го надмине Јосиф Сталин и да стане лидер со најдолг стаж во Русија во повеќе од 200 години.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ