сабота, 27 јули 2024

Медведев: Мораме да стигнеме до Киев. Каде да се сопре? Не знам…

Поранешниот претседател на Русија Дмитриј Медведев, актуелен потпретседател на Советот за безбедност на Русија, порача денес дека за воените цели на Русија „би можело да биде потребно да се стигне до Киев“, главниот град на Украина. руската војска се обиде да го освои Киев во првите недели на инвазијата, но украинските сили успешно го одбранија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Одговарајќи на прашање на руската државна новинска агенција ТАСС за „географските граници на специјалната воена операција“, како што Кремљ официјално ја нарекува војната во Украина, Медведев кажа дека „конфликтот можеби нема да биде ограничен на актуелната фаза“.

„Каде да се сопре? Не знам… Мислам дека имајќи го предвид она што претходно го кажав за нужноста од создавање безбедносен коридор, ќе мора многу и напорно да се работи. Дали тоа ќе биде Киев? Да, веројатно ќе биде Киев. Ако не сега, тогаш подоцна, веројатно во текот на некој друга фаза од развојот на овој конфликт“, кажа Медведев.

Притоа, според ТАСС, Медведев дал два аргументи за влегување на руската војска во Киев: „Како прво, тоа е руски град. Како второ, од него доаѓа меѓународната закана за постоењето на Русија“, кажал Медведев.

„Иако Киев историски е руски град, со него управува меѓународна екипа противници на Русија на чело со Соединетите Американски Држави. Тие кои таму формално ги вршат функциите се фигури кои немаат ни совест ни страв за иднината на својата држава. Сите одлуки се носат од другата страна на океанот и во седиштето на НАТО. Тоа е апсолутно очигледно. Затоа да, може да биде и Киев“, кажа Медведев.

На прашањето дали Украина ќе остане независна држава по „специјалната воена операција“, Медведев кажал дека „ако како резултат на сè што се случува остане нешто од Украина, таквата држава веројатно има шанси за опстанок иако не големи“.

„Во секој случај тоа не е прашање за денес, но ќе биде на дневниот ред нешто подоцна“, кажа поранешниот руски претседател. „Не знам што ќе остане во оваа територијална целина, не можат тоа сега да го нарекувам држава. Можеби регионот Лемберг, со центар во градот Лемберг ако Полска или некои други региони се заземат за тоа. Но ова е комплициран процес, не само воено туку и политички. И не само воените сили, не само војската туку и луѓето кои живеат на таа земја треба да имаат улога и да го кажат својот збор во тој процес“, заклучи Медведев.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ