сабота, 27 јули 2024
„Честитка“ за Први мај

Медведев: Мора да им нанесеме разорен пораз на укронацистите, САД, подлата Полска и другите западни гниди

Објавено на

часот

Сподели

Дмитри Медведев, заменик-претседател на рускиот Совет за безбедност, го честиташе Први мај насочувајќи го својот напад кон Твитер, кој отстрани една од неговите неодамнешни објави. 

Во својата објава на Телеграм, во која им се закани на широк спектар цели надвор од Русија, поранешниот претседател и премиер на Русија напиша:

„Сериозно, можеме без Твитер. На крајот на краиштата, ова е само странска социјална мрежа што работи во интерес на американскиот естаблишмент. Ние прилично цинично ја искористивме за да ги промовираме нашите пропагандни цели“, напиша тој.

„Нашата главна задача е сосема поинаква: да им нанесеме разорен пораз на сите непријатели – укронацистите, САД, нивните фаворити во НАТО, вклучително и подлата Полска и другите западни гниди. Конечно мораме да ја вратиме целата наша земја. Да го заштитиме целиот наш народ засекогаш. Напорно ќе работиме на тоа. Среќен Први мај на сите!“ напиша Медведев.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ