сабота, 27 јули 2024

Медведев: Максимална награда за секој убиен припадник на НАТО во Украина

Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев вчера остро ја критикуваше Северноатлантската алијанса и предложи награда за секој убиен војник од држава во НАТО во Украина. „За овие прекуокеански уши, кои, за разлика од несреќните Украинци, не мораа во војна, може да постои само едно правило: без заробеници!“, порача на социјалната мрежа Икс Медведев, кој сега е потпретседател на рускиот Совет за безбедност.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„А оној кој ќе убие, разнесе или запали војник на НАТО треба да биде максимално награден“, додаде Медведев. „Тоа се дрски насилници кои цел свет го сметаат за будала“, додаде Медведев.

Рускиот функционер кажа дека сите сили на НАТО во Украина ќе се сметаат за дел од регуларната војска која се бори против руските сили. „Затоа треба да се третираат како непријатели. Не само како непријатели, како елитни одреди, СС-овците на Хитлер“, продолжи Медведев.

Русите во последно време сè почесто спомнуваат директен судир со НАТО, додека рускиот претседател Владимир Путин предупредува дека таква ситуација неизбежно би довела до трета светска војна и нуклеарна катастрофа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ