сабота, 19 октомври 2024

Медведев ја исмева кандидатурата на Бајден, го нарече „очаен дедо“

Објавено на

часот

Сподели

„Бајден донесе одлука. Очаен дедо“, напиша Медведев на Телеграм за 80-годишниот претседател. „Да бев јас на местото на американската војска, веднаш би направил лажна актовка со лажни нуклеарни шифри во случај тој да победи (на изборите), за да се избегнат непоправливи последици“, додаде Медведев.

Бајден најави дека ќе се кандидира за претседател следната година, но неговата возраст може да биде отежнувачки фактор. Никогаш порано Американците не избрале толку стар претседател, ниту пак некој кандидат им побарал да му ги предадат клучевите на Белата куќа до неговата 86-та година.

Во ноември 2021 година и февруари 2023 година, на претседателот му беа извршени лекарски прегледи, чиј заклучок беше дека е во „добро здравје“. Меѓутоа, во земја каде што впечатокот е исклучително важен и каде кандидатот мора да зрачи со виталност, претседателот не може да ја сокрие својата возраст.

Неговото темпо е повнимателно, говорот понекогаш нејасен, а понекогаш и самиот изгледа збунет, што републиканската опозиција го користи за да ја доведе во прашање острината на неговиот ум.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ