Тој посочи дека „ултиматумот“ на германскиот кандидат за канцелар Фридрих Мерц до Русија да стави крај на војната, или Берлин ќе испрати ракети Таурус во Киев, е предизборна стратегија што не може да го промени текот на војната, пренесува Тасс.
„Испораката (на ракети) е само начин да се продолжи агонијата на украинскиот режим. Но, ризикот од ескалација на конфликтот до најопасната фаза е значително зголемен со нападите од крстосувачките ракети. На ова предупреди и нашиот претседател“, рече Медведев.
Тој истакна дека наводната желба на европските политичари да ја прошират војната на териториите на своите земји е „неверојатна“ и дека тоа е во согласност со желбите на САД, но против интересите на европските народи.