сабота, 18 јануари 2025

Медведев добро се испоти да помине анонимен тенисер на Австралија опен

Петтиот носител на Австралија опен, Данил Медведев во пет сета го победи Касидит Самреј од Тајланд кој е на 418. позиција на АТП листата и ги изненади сите со силниот отпор кој му го пружи на рускиот тенисер.

Објавено на

часот

Сподели

Медведев беше огромен фаворит во овој меч, разликата меѓу него и Самреј на АТП листата е дури 413 позиции. Но работите на теренот изгледаа како да нема голема разлика.

Русинот одлично го почна мечот, го доби првиот сет со 6-2, но следуваше пресврт, наредните два сета му припаднаа на тенисерот од Тајланд кој ги доби со 6-4 и 6-3 и поведе со 2-1 во сетови.

Откако ја загуби предноста, Медведев заигра како што треба и ги доби следните два сета со 6-1 и 6-2 за победа од 3-2 во сетови.

Од другите поинтереси мечеви кои завршија Беретини со 3-1 го победи Нори, во српскиот дуел Кецмановиќ со 3-2 беше подобар од Лајовиќ, Руне со 3-2 го совлада Жанг, Фриц со 3-0 го помина Бруксби.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ