„Сунак, Шолц, Макрон, норвешките, финските, полските и другите лидери од земјите од НАТО заборуваат дека мора да бидат спремни за војна со Русија“, напиша тој на Телеграм. Медведев истакна дека, иако руската страна во повеќе наврати изјави дека нема планови за конфликт со НАТО и земјите од Европската Унија, „исклучително опасното дрдорење на оваа тема продолжува“.
„Причините се очигледни. Потребно е да се сврти вниманието на гласачите за да се оправда трошењето милијарди долари на гнасната Украина.
Впрочем, големи пари не се трошат на решавањето на социјалните проблеми во тие држави, туку на војната во државата која умира и која им е непозната на даночните обврзници, чие население избега низ Европа и го тероризира локалното население. Затоа лидерите на тие земји секој ден повторуваат: мораме да се спремиме за војна со Русија и да продолжиме да ѝ помагаме на Украина, затоа мораме да произведуваме повеќе тенкови, гранати, дронови и друго оружје.
Но, сите европски лидери цинично ги лажат своите граѓани. Ако, не дај боже дојде до таква војна, нема да оди по сценариото на специјалната воена операција. Нема да се спроведува во ровови со артилерија, оклопни возила, беспилотни летала и опрема за електронско војување.
Значи, поради неспоредливоста на нашите воени потенцијали едноставно нема да имаме избор. Одговорот ќе биде асиметричен. За заштита на територијалниот интегритет на нашата земја ќе се користат балистички и крстосувачки проектили со специјални боеви глави. Тоа е засновано на нашите воени документи и на сите им е познато. Тоа ќе биде апокалипса. Крај на сè“, порача Медведев.
„Затоа западните политичари на своите гласачи би требало да им ја кажат горчливата вистина, а не да ги третираат како идиоти без мозок. Објаснете им што навистина ќе се случи, а не да ја повторувате лажната мантра за спремноста за војна со Русија“, додаде тој.