сабота, 27 јули 2024

Медведев: Бајден е луд и ментално нарушен, одлучил човештвото да го одвлече во пеколот

Заменикот претседател на Советот за безбедност на Русија и поранешен руски претседател Дмитриј Медведев, го коментираше американскиот претседател Џо Бајден. Медведев се осврна на содржината на говорот на Бајден за состојбата на нацијата во Конгресот.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Американскиот претседател Џо Бајден не требаше да го спомнува својот претходник Френклин Делано Рузвелт, бидејќи тој, за разлика од Рузвелт е само срам за САД“, напиша Медведев на социјалната мрежа Икс.

„Бајден е срам за САД. Иако 32 американски претседател бил немоќен човек во инвалидска количка, тој ја кренал Америка од економската депресија.

За разлика од Рузвелт, Бајден е луда, ментално нарушена личност која решила да го одвлече човештвото во пеколот. Покрај тоа, Рузвелт се борел за мир со сојузниците, вклучувајќи го СССР, додека Бајден активно и упорно се труди да почне трета светска војна. Рузвелт се борел против фашистите, а Бајден се бори за нив“, порача Медведев на Икс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ