четврток, 30 мај 2024

Медиумите во Иран објавија снимка од нуклеарниот објект во Исфахан по воздушниот напад (ВИДЕО)

Иранската новинска агенција Тасним денеска објави видео од нуклеарниот објект во Исфахан, по информациите дека во тој ирански град се слушнале експлозии и дека е во сила воздушната одбрана.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Како што јави Би-би-си, видеото е објавено со наслов дека „Нуклеарната локација во Исфахан е целосно безбедна“. На видеото се гледа како човек гледа во својот часовник во близина на Технолошкиот центар во Исфахан, а потоа камерата снима неколку војници што стојат околу системот за противвоздушна одбрана.

„Во 4:45 слушнавме истрели. Ништо не се случуваше. Тоа беше противвоздушната одбрана, мислам на овие луѓе што ги гледате (на снимката) и на оние таму (позицијата на вториот систем за противвоздушна одбрана)“, рече известувачот.

Неименуван американски функционер претходно за Си-ен-ен изјави дека Израел утринава извршил напад на иранска територија, а иранската државна телевизија објави дека се уништени три беспилотни летала над Исфахан, откако системот за противвоздушна одбрана бил активиран.

Високиот ирански командант Сијавош Минхадуст изјави дека одбранбените системи се активирани поради сомнителен предмет и дека нема штета. Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА) објави дека нема штета на иранските нуклеарни постројки.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ