Синоќешниот натпревар помеѓу АЗ Алкмар и Легија во Конференциска лига донесе сцени кои ретко се гледаат. Дариуш Миодуски, кој е претседател и сопственик на клубот од Полска изеде ќотек од полицијата, а фудбалерите Жозуе и Панков со лисици на рацете завршија во станица.
Од таборот на Легија вината ја посочуваат кон полицијата и обезбедувањето, односно од неочекуваната одлука стадионот да биде затворен и покрај тоа што половина од нивната експедиција не била излезена.
Медиумите од Холандија пишуваат дека во хаосот кој настанал, еден човек од обезбедувањето се здобил со потрес на мосокот и скршеница на лактот, па затоа Жозеу и Панков биле приведени.
Се говори дека двајцата нема да се вратат во Полска со останатиот дел од тимот, и би можеле да останат зад решетки дури 72 часа без да биде покренато обвинение.