сабота, 19 октомври 2024
Напаѓачот се огласи на социјалните мрежи

Медиумите го преселија Мбапе во Реал Мадрид а тој порача: Останувам и оваа сезона во ПСЖ!

Објавено на

часот

Сподели

Килијан Мбапе и неговата иднина се топ тема денеска во светот на фудбалот откако напаѓачот синоќа испрати писмо до ПСЖ и ги информирал дека нема да ја искористи опцијата за продолжување на договорот до јуни 2025 година.

Попладнево Ле Паризиен објави дека nапаѓачот сака само преселба во Реал Мадрид и тоа уште ова лето. Tој се решил на еден ваков чекор по одлуката на Карим Бензема ја прифатил понудата од Саудиска Арабија, со што му се отвара простор да биде една од главните ѕвезди на „Бернабеу“ во отсуство на неговиот сонародник.

Сепак, Килијан Мбапе на социјалните мрежи испрати остар одговор на ваквите шпекулации.

„ЛАГИ…“ – напиша Французинот.

„Колку лагата е поголема, толку подобро поминува. Како што веќе кажав, ќе продолжам и следната сезона во ПСЖ каде сум многу среќен“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ