Од ААВМУ, исто така, посочувата дека медиумите треба да ја прилагодат севкупната програма/објави и да емитуваат/објавуваат содржини соодветни на ваков настан. Информациите коишто ќе бидат објавени мора да точни и проверени, а доколку не можат да се потврдат или станува збор за претпоставка тоа треба да биде јасно кажано
„Медиумите мора најодговорно да водат сметка за рамнотежата помеѓу правото на јавноста да биде информирана и за личната болка и жалост и да избегнуваат да објавуваат експлицитни сцени/фотографии/видеа од настанот, односно стриктно да ги почитуваат професиоалните и етички стандарди. При евентуално објавување на сензитивни содржини тие треба да бидат означени со соодветно визуелно и /или акустично предупредување“, се вели во соопштението од ААВМУ.