петок, 18 октомври 2024

Медински: Русија е подготвена да ги продолжи мировните преговори со Украина

Објавено на

часот

Сподели

„Ние сме подготвени да го продолжиме дијалогот“, изјави Владимир Медински, советник во Кремљ задолжен за преговорите со Киев, во интервју за белоруската телевизија.

„Замрзнувањето на преговорите целосно е иницијатива на Украина“, додаде тој, верувајќи дека „топката е во нивни раце“.

„Русија никогаш не одбивала преговори“, рече тој.

Преговорите беа водени затоа што руските сили што ја нападнаа Украина на 24 февруари, не успеаја брзо да го заземат главниот град.

Министрите за надворешни работи на Русија и Украина се сретнаа во март во Турција, потоа делегациите се сретнаа во Истанбул, но без успех.

Украинскиот преговарач Михајло Подолјак во вторникот изјави дека преговорите се „прекинати“ откако Русија ги прегрупирала и пренасочила силите и повторно ја покренала својата „специјална операција“ во источна Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ