сабота, 19 октомври 2024

Медицински „ултиматум“ до Бајден: оставка или когнитивен тест

Објавено на

часот

Сподели

Поранешниот лекар од Белата куќа и републикански конгресмен Рони Џексон напиша писмо до Џозеф Бајден во кое го повикува веднаш да поднесе оставка и да се откаже од кандидатурата за 2024 година или во спротивно успешно да помине когнитивен тест за да докаже дека е способен да ги води Соединетите Американски Држави, јавува Скај њуз.

„Таа загриженост само порасна бидејќи вашиот ментален пад и заборавот станаа поочигледни откако сте избрани“, рече Џексон.

Овој конгресмен од Тексас, кој беше главен медицински советник на претходниот претседател Доналд Трамп, вели дека проблемите на Бајден во јавноста се зачестија во последните две години: од сопнување при одење, заборавање имиња, збунетост и губење на текот на мислите.

„Ве повикуваме или веднаш да поднесете оставка и да се откажете од кандидатурата за реизбор или да се подложите на клинички валидна когнитивна скрининг евалуација и да ги објавите тие резултати на јавноста“, пишува конгресменот Џексон.

Ова медицинско предупредување дојде веднаш откако сегашниот американски претседател Џозеф Бајден официјално ја објави својата кандидатура за реизбор во 2024 година, потег што јавноста го очекуваше со месеци. Во видеото објавено во вторникот, Бајден ја претстави изборната трка следната година како борба против републиканскиот екстремизам, тврдејќи дека му треба повеќе време за целосно да ја реализира својата цел да го врати карактерот на нацијата.

Многу американски граѓани изразија резервираност за намерата на Бајден да бара втор мандат во 2024 година. Само 37 отсто од демократските поддржувачи велат дека Бајден треба да биде реизбран, што е пад во однос на 52 отсто пред изборите во ноември минатата година, според неодамнешната анкета спроведена од НОРП Центарот на агенцијата АП. Севкупно, само 22 отсто од гласачите во САД сметаат дека Бајден треба повторно да се кандидира.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ