петок, 18 октомври 2024

Меџити тврди дека ќе даде оставка ако се платени пари за трите модуларни амбуланти во Скопје

Објавено на

часот

Сподели

„Не е исплатен ниту денар. Доколку за овие три амбуланти е исплатен само денар, јас како министер за здравство ќе си поднесам оставка сега. Не е платено, ниту ќе се плати во иднина додека не се расчисти целиот случај“, рече Меџити на денешниот брифинг со новинарите.

Модуларните амбуланти во Бутел, Лисиче и Ѓорче Петров станаа актуелни по објавата на истражувачката сторија на ИРЛ за модуларната болница во Тетово. За овие три амбуланти, засега останува отворено прашањето дали Владата ќе и го исплати долгот на компанијата Брако.

Со оние кои што пласираат дезинформации во медиумите, како што рече, ќе го решава проблемот по правен пат.

„Целта ми беше да не го оштетиме буџетот на Министерството за здравство. Со непостапување, каматите за три модуларни амбуланти се над 250 илјади евра. Ова значи дека се намалува буџетот на Министерството за лекување на пациентите. Затоа баравме од надлежните институции да имаме информација. Се што не е во ред, имаме поднесено пријави“, рече Меџити.

Модуларните амбуланти во рамки на Здравствниот дом Скопје, како што посочи, се безбедни и за медицинскиот и за немедицинскиот персонал.

„Работата во нив продолжува. Овие амбуланти не се оние поставени за време на ковид-19“, подвлече Меџити.

На новинарско прашање зошто екипа на Брза помош не постапила професионално и пиела кафе додека, како што беше посочено, пациент со кислородна маска бил во возилото, Меџити рече дека доколку се потврди информацијата како точна, тогаш ќе следуваат најригорозни казни за сторителите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ