сабота, 27 јули 2024
Министерот за здравство има повеќе планови

Меџити планира да ги укине економските директори на скопската Клиника и да дисперзира лекари и сестри

Објавено на

часот

Сподели

Тој истакна дека целта е пациентите да добиваат подобра здравствена услуга, а и здравствените работници да функционираат полесно.

На новинарско прашање дали тоа значи дека ќе се укинат организациските, или познати и како економски директори, тој одговори потврдно.

Министерот смета дека тогаш ќе се набавуваат работите количествено и со поевтина цена и ќе има подобра соработка меѓу клиниките.

„Ако се стремиме на тој пат, да одиме кон Европската Унија, немаме друг пат, мора ова да се направи еднаш засекогаш и здравствено да функционира како што треба“, рече Меџити.

Тој се осврна и на проблемот со паркинзите во Клиничкиот центар е срам за државата.

За проблемот со недостиг на лекари и медицински сестри во одредени болници низ земјава министерот рече дека планира да се дисперзираат кадри од Клинички центар низ целата држава.

„Ќе има нови вработувања, а дефицит на кадар има низ цела држава, посебно средно медицински кадар. Настојуваме во договор со Министерството за финансии и со Фондот за здравство да се овозможат нови вработувања“, рече тој.

Во врска со проблемот на одливот на овие кадри во странство, Меџити одговори:

„Ние преземавме многу мерки и сме во комуникација со факултетите за медицина, фармација и стоматологија со цел да изготвиме програма.  Кога ќе бидат овие студенти шеста година, да се знае точно секој студент од кое место доаѓа и кое ќе му биде работното место во иднина“, рече Меџити меѓу другото.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ