За новите вработувања во здравството, министерот рече дека сега со нова одлука нема да зависат од Министерството за финансии. За јавните набавки за нови лифтови во тетовската Клиничка болница Меџити посочи дека процесот е во второстепен комисија и се поништува во два наврати, а потенцираше дека има обезбедено средства за да се набават.
На прашањето до каде е процесот за опфаќање на сите пациенти со цистична фиброза со лекот трикафта, Меџити посочи дека се работи на прагматично и сеопфатно решение.
„Овие пациенти беа вклучени од првиот ден кога јас дојдов за министер. По еден месец јас ја донесов првата трикафта лекот, за тие првопланирани осум, па потоа 12 пациенти, нели со поевтина цена за да можеме да го зголемиме бројот на пациенти, тоа што никој не веруваше досега. Јас лично верував во себе и за толку кратко време овој проблем го решив. Така ќе постапиме, ќе треба точно да се одреди локацијата каде ќе бидат згрижени понатаму пациентите, затоа што немаше ни стручна комисија немаше ни јасни протоколи“, истакна Меџити.