„Не контактиравме со господинот Ахмет повеќе од 7 можеби 8 месеци. Комуницираме само преку медиумите.Но тој и овојпат како да не забележува кога е нападната институцијата градоначалник и не презема ништо за да се надмине таквата ситуација. Се виде дека се нефункционални обвинителството и судството, нели за тоа е доказ што градоначалникот беше пред дилемата дали да поднесе приватна или службена тужба. Кога е загрозен функционер, во која било држава каде што функционира правната држава, обвинителството, полицијата, мора да постапат по поднесена пријава. Во оваа ситуација господинот Ахмети и извршната власт се обидоа да ги замолчат институциите и тоа покажува дека институциите, судството и обвинителството се заробени и дека правната држава не функционира“, изјави Меџити.
Градоначалникот на општина Чаири, Висар Ганиу, пред неколку дена во полиција пријавил дека Мухарем Асани преку телефонски повик му упатил закани по животот. Покрај него, Ганиу рече дека му се заканувале и на пратеникот Изет Меџити, кој е еден од главните водачи на „огнената“ фракција во ДУИ.