сабота, 19 октомври 2024
Изјава на министерот за здравство

Меџити: Лекот трикафта пациентите ќе го имаат следната недела

Јавноста и медиумите беа скептични дека ќе се случи набавката на лекот трикафта, но еве најавувам, следната недела пристигнува лекот и ќе им биде доделен на пациентите, на тие 12 пациенти што беа заведени и кога јас дојдов на фунцијата. Терапијата ќе ја има до април, а другите пациенти ќе ги вклучиме во согласност со сите критериуми што се дадени од експертите на детска клиника. Ова го изјави министерот за здравство, Фатмир Меџити и додаде дека со 845 милиони денари се покриени и оваа и сите проблематчн импликации што ќе се јавуваат во здравството.

Објавено на

часот

Сподели

На прашањето зошто е поскапен лекот Трикафта за 250 илјади денари по пациент, министерот истакна дека информациите не се вистинити и дека како Министерство за здравство, Фондот за здравствено осигурување и јавните набавки се дало согласност до Клиниката за детски болести да ја изврши целокупната набавка за да се добие на време, да биде од итност и побрзо.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ